Oпштина Кисела Вода ги информира граѓаните дека во склоп на Општината во барака број 4, Управата за јавни приходи отвори шалтер за регистрација на системот е-ПДД и прием на барања за регистрација. Канцеларијата која започна со работа денес ќе биде отворена до 31.12.2018 година, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.
Од УЈП соопштија дека за дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат во Инфо центарот на телефонскиот број 0800 33 000.