Потребни ви се само две состојки: Еден детски сапун и чаша овчо млеко.
Од проширените вени не страдаат само повозрасните лица. Поради претераното седење на работа и во домот, отекувањето и проширувањето на вените е честа појава и кај младите. Недостатокот на физичка активност и вишокот килограми се најголемите непријатели на вените. За среќа лековите од народната медицина можат многу да помогнат.
За ова ефикасно средство ви се потребни само две состојки: еден детски сапун и чаша овчо млеко.
Изрендајте го сапунот во чашата млеко и оставете го да отстои додека не се соединат состојките, а потоа смесата втријте ја на проблематичните места три пати дневно.
Можете да правите и облоги, поголема количина ставете на газа и газата поставете ја на вените и држете ги облогите најмалку десет минути. Постапката повторувајте ја три пати дневно. Смесата чувајте ја во фрижидер.