Шпанскиот тренер Унаи Емери оваа сезона е тренер на Арсенал, откако цели 23 години „Топчиите“ ги водеше Арсен Венгер.
Иако немаше баш најдобар старт оваа сезона, сепак Арсенал ја подигна формата, па после 13 одиграни кола, лондонскиот клуб на своето конто има 27 бода.
За Емери ова е прва работа на Островот и Шпанецот призна дека се плашел дека јазикот ќе му биде голема пречка. Сепак, Емери вредно работи на тоа што побрзо да го совлада англискиот јазик, а сега откри и која е неговата тајна за учење на јазикот.
„Се плашев дека јазикот ќе биде пречка, но за среќа не е така. Немојте да ми се смеете, но верувајте ми дека гледам многу серии и така најдобро го учам англискиот јазик. Најмногу гледам една серија и така најдобро го учам англискиот јазик. Серијата е многу добра, но тешка е поради акцентот. Сепак, добро ми оди“, изјави Емери.