Фудбалерите на Барселона во саботата ремизираа на гостувањето кај Атлетико Мадрид (1:1) во рамките на големото дерби во 13-то коло од шпанска Примера.
Поради повреда, во првиот дел од натпреварот од игра мораше да излезе Серџи Роберто, а на негово место во игра влезе Рафиња.
Кон средината на второто полувреме, Рафиња се пожали на повреда, но успеа да остане на теренот до крајот на натпреварот. Сепак, иако се чинеше дека не станува збор за посериозна повреда, синоќа Каталонците ги шокираа навивачите.
Деталните прегледи откриле дека Рафиња заработил тешка повреда поради која ќе мора на операција. Бразилецот ги скинал лигаментите на коленото и тоа значи дека за него сезоната најверојатно е завршена.