Големото дерби меѓу Атлетико Мадрид и Барселона ни понуди премалку фудбалски моменти, па поради тоа, шпанските медиуми по крајот на мечот воглавно се занимаваа со најдобрите индивидуални потези, но и една необична ситуација која настана во шеснаесетникот на гостите.
Станува збор за ситуацијата кога во препирка влегоа Диего Коста и Самуел Умтити, мини-инцидент во кој се вклучи и Антоан Гризман кој се обиде да ги смири страстите. Сепак, специјалнизираните шпански емисии ни докажуваат дека Коста посебно избувнал поради реакцијата на својот соиграч во нападот, па дури и му замери поради тоа што неговата реакција ја сфати како да застанува во одбрана на Умтити кој е негов добар пријател од селекцијата.
– Јас сум ти соиграч, а не тој, – нервозно му порача Коста на Гризман, а тензијата се намали непосредно после тоа кога токму шпанскиот репрезентативец погоди за 1:0, погодок по кој следеше прегратка меѓу него и Антоан.