Еврокомесарот Јоханес Хан е во контакт со претседателите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи, изјави портпаролката на Европската Комисија, Маја Коцијанчич за српската новинска агенција „Танјуг“.
Двајцата, како што вели Коцијанчич се договориле дека е неопходно итно смирување на ситуацијата и намалување на тензиите.
Таа додаде дека европскиот комесар им ја понудил на Вучиќ и Тачи својата помош, со цел постигнување на брзи и практични решенија за трговските прашања.