НАТО преку социјалната мрежа „Твитер“ објави дека постојано го следи развојот на ситуацијата во Азовското Море и теснецот Керч и дека е во контакт со властите на Украина, чијшто територијален интегритет го поддржува.
Портпаролката на НАТО, Оана Лунгеску на нејзиниот „Твитер“ додаде дека алијансата повикува на воздржаност и деескалација на конфликтот.
НАТО го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, вклучувајќи ги и поморските права во нејзините територијални води. Ние ја повикуваме Русија да дозволи непречен пристап до украинските пристаништа во Азовското Море во согласност со меѓународното право”, напиша таа.