Славниот италијански режисер, Бернардо Бертолучи почина денеска на 77 годишна возраст, во својот дом во Рим. Забавниот неделен магазин Вариете објави дека режисерот боледувал од рак.
Режисерот на филмовите „Последниот кинсеки цар“, „Последното танго во Париз“ повеќе од една деценија беше во инвалидска количка по неуспешната операција на хернија на дискусот.
За филмот „Последниот кинески цар“ од 1987 година доби Оскар за најдобар режисер, со што стана првиот и единствен Италијанец кој ја освоил оваа награда. Овој филм, кинематографско ремек дело за последниот царски владетел на Кина, беше номиниран за девет Оскари и победи во сите девет категории.
Но, веројатно негов најпознат филм е „Последното танго во Париз“, еротска драма од 1972 година со Марлон Брандо и Марија Шнајдер во кој главната акерка рече дека се почуствувала силувана во контроверзна секс сцена.