Кошаркарското „Ел Класико“ во Шпанија мина во знакот на Барселона која му одржа вистинска лекција на Реал Мадрид на дуелот кој се одигра во „Палау Блауграна“.
Каталонците победија со 86-69 и на тој начин го преземаа првото место во шампионатот. Меѓутоа оваа средба освен по победата на домаќините ќе остане запаметена по многуте дуели и препирки, а во еден од нив во конфликт влегоа тренерот на Барселона, Светислав Пешиќ и аргентинскиот плејмејкер Факундо Кампацо.
Кампацо е познат по својот незгоден темперамент, провокациите и по лукавите потези, па во еден момент го изнервира и Пешиќ кој тргна да ги расчисти сметките со него. За среќа тука беа дел од остататите играчи како Ајон, Фернандез да ја смират ситуацијата и да не дозволат поголем инцидент.
Искусниот Кари оваа ситуација кратко и јасно ја искоментира:
– Го почитувам Кампацо, еден од најдобрите играчи во лигата, ама се служи со лукавство и трикови, – рече стратегот на Барселона.