Најмалку четворица војници загинаа а еден е повреден, кога турски воен хеликоптер се урна во населено место во Истанбул, јавуваат турските медиуми.
Според првичните информации хеликоптерот паднал пред станбена зграда, каде живеат голем број луѓе.
Гувернерот на Истанбул, Али Јерликаја, рекол дека се работи за тренинг лет и дека не се познати причините за падот на хеликоптерот.