Уништени и оштетени над 100 гранични камења на границата меѓу Грција и Македонија
Непознати лица уништиле и оштетиле 105 гранични камења, што ја одредуваат границата меѓу Грција и Македонија, од грчка страна, во општина Лерин, соопшти грчката полиција.
Инцидентот се случил во периодот од 23 до 24 ноември, покрената е истрага, а биле известени и надлежното грчко обвинителство и надлежните воени власти, јави дописничката на МИА од Атина.
– Во периодот од 23 до 24 ноември 2018, непознати сторители уништија – оштетија 105 пирамиди – столбови кои ја означуваат граничната линија меѓу Грција и ПЈРМ, конкретно во делот што е северно од локалната заедница Месокамбос до источно од локалната заедница Ахлада во општина Лерин, соопштуваат од грчката полиција.