Италијанскиот клуб Сампдорија им понуди на Ривер Плата и Бока Јуниорс реванш дуелот од финалето на Копа Либертадорес да го одиграат на неговиот стадион во Џенова.
Реванш мечот од финалето беше одложен откако навивачите на Ривер Плата го нападнаа автобусот со фудбалерите на Бока Јуниорс, по што беше изречена забрана за играње на стадионот „Монументал”.
Се уште не е јасно кога ќе се одржи меч, а опции за негово оджрување се и Северна Америка и Азија.