Втор оглас за субвенции за купување на печки на пелети

Со цел на стимулирање на домаќинствата за користење на обновливи извори на енергија за затоплување на своите домови Министерството за економија објави втор оглас за субвенционирање на истите.

-Министерството ќе им обезбеди поврат на средства во висина од 50 отсто, но не повеќе од 500 евра во денарска противврдност се до искоистување на предвидените средства од Буџетот за оваа намена. Услов е купувачите до сега да не користеле средства за ова- стои во соопштението. Право на учество имаат граѓаните кои веќе имаат купено печки на пелети во своите домови од први септември годинава.

За да добијат субвенции тие треба да поднесат Образец за барање за искористување на правото на надомест кој се зема од архивата на ресорното министрство. Покрај ова задолжително се поднесува фискална сметка, извод од деловна банка дека е платена печката и изјава заверена на нотар дека до дега нема искористено средства од буџетот за купување на печка. Надоместокот ќе се исплаќа по принцип прв дојден- прв услужен. Субвенции ќе се исплаќаат се додека не се потрошат предвидените пари.

(В.А.)

Треба да знаете
Последни објави