Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов од денеска престојува во работна посета на Република Турција, по повод учеството на 9. Самит Босфор, што ќе се одржи во Истанбул.
Претседателот Иванов ќе се обрати на отворањето на самитот, чија главна тема годинава е „Одржување на мирот и развојот за сите“.
Во рамки на работната посета на Република Турција, претседателот Иванов ќе го посети градот Бурса, каде е предвидено да одржи предавање на Универзитетот „Улудаг“.