Побарал да го погребат со големо количество пари, за да го подмител Господ
Чарл Обонг (52) од Уганда побарал од сопругата да го погребе со големо количество пари за да го подмити Господ за да му прости сите гревови.
Обонг работел како виш службеник во министерствата и со години собирал пари кои планирал буквално да ги понесе со себе во гроб.
Неговиот зет ја потврдил информацијата дека Чарл побарал од неговата жена да го погребе со приближно 60.000 долари. Парите имал намера да му ги даде на Господа во замена за простување на гревовите кои ги направил во текот на животот на земјата.
Чарлс долго имал проблеми со здравјето и последните денови од животот ги поминал планирајќи што и како ќе му каже на Бога кога ќе се сретнат на Судниот ден.
Погребан е на северот од Уганда, но неговиот спокој не траел долго со оглед на тоа дека гробот му го откопале набрзо по погребот и го ограбиле.