Седум европски групи за заштита на потрошувачите поднесоа денеска тужби против Гугл во своите земји обвинувајќи го технолошкиот гигант за следење на корисниците, што претставува кршење на Општата регулатива на ЕУ за заштита на податоците усвоена во мај годинава.
Во тужбата се повикуваат на заклучоците на норвешкиот Совет на потрошувачи, кои наведуваат дека оваа компанија користела измамнички дизајн и лажни информации што како резултат било многу корисници да прифатат да бидат постојано следени.
Претседателот на Советот, Гро Мете Моен рече дека Гугл користи исклучително детални и сеопфатни лични податоци без соодветна судска основа, а до овие податоци доаѓаат со манипулативни техники.
Тужби против Гугла се поднесени во Чешка, Грција, Холандија, Норвешка, Полска, Словенија и Шведска.
Гугл е обвинет за следење на движењето на корисниците преку апликации инсталирани во сите Гугл налози, а особено преку функцијата за собирање информации преку локацијата на корисникот.
-Ваквото следење особено тешко може да го избегнат корисниците на мобилни телефони со оперативниот систем “андроид” што ги произведуваат „Самсунг“ и „Хуавеј“, истакнува норвешкиот совет.