Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го обвини специјалниот обвинител Роберт Милер, која раководи со истрагата за евентуачно руско мешање во изборите во САД во 2016 година, дека со своите активности му нанаесува огромна штета на судскиот систем на земјата.
– Малер и неговата банда гневни демократи гледаат на работите само од една страна, никако од друга. Почекајте да се дознае колку лошо се однесуваат кон луѓето, загорчувајќи им ги животите на оние кои одбиваат да лажат. Тој е надвор од контрола и му нанесува ОГРОМНИ штети на нашиот судски систем, објави Трамп на Твитер.
Најновите напади на Трамп на сметка на Малер следат откако вчера поранешниот шеф на изборниот штаб на американскиот претседател, Пол Манафорт беше обвинет дека давал лажни искази пред федералната полиција. Обвинителството го товари Манафорт и дека ги прекршил договорот, според кој, требало да ја признае вината во замена за поблага казна.
Исто така вчера, на отслужување на двонеделната зтаворска казна замина поранешниот дипломатски советник на Трамп, Џорџ Пападопулос, кој во септември беше осуден под обвинение дека давал лажни изјави пред агенти на Федералното истражно биро (ФБИ).