Кинескиот научник Хе Џианкуи објави дека за првпат во историјата успеа да создаде генетски модифицирани бебиња, што предизвика бура од критики и вчудовиденост во редовите на експертите, но исто така и во јавноста.
Професорот Хе и неговите колеги направија промени во гените на ембрионите од седум двојки кои учествуваа во вештачко оплодување. Сите мажи биле ХИВ-позитивни, а нивните жени не биле. Кинескиот тим ги смени гените со модерната технологија позната како CRISPR-Cas9 на таков начин што нивните деца не можат да се инфицираат со ХИВ.
Во почетокот на ноември конечно се родени две девојчиња, од кои само еднoто е целосно отпорно на ХИВ, бидејќи ѝ се отстранети два клучни гена. Другата близначка има само еден отстранет ген, што значи дека сè уште може да се зарази. Девојчињатате се родени навидум здрави и засега нема индикации дека со технологијата им се оштетени некои други гени.
Идентитетот на родителите и децата засега се чува во тајност, а Хе тврди дека таткото сакал да спречи неговите деца да добијат ХИВ поради дискриминацијата со која самиот се соочува.
Западните експерти главно го осудуваат проектот на Хе.
Професорот на Оксфорд, Џулијан Савулеску, тврди дека ако се покаже вистинит, ова е „монструозен експеримент”.