Времето денеска ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Претпладне повеќе врнежи ќе има во западните делови, а попладне и кон крајот на денот во источните, каде ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Локално се очекува да наврнат над 30 л/м2. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, кој до крајот на денот во северните делови ќе го промени правецот во северен. Максималната температура ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје ќе биде облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен источен ветер, кој кон крајот на денот ќе се промени во северен. Температурата ќе се движи до 12 степени.
Утре поради спуштање на постуден воздух од север, врнежите на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, но со слаб интензитет. Ќе дува засилен северен ветер што ќе услови значителен пад на температурата во наредните денови. Во четврток ќе биде студено, на места со провејување на слаб снег, а во петок се очекува разведрување