Научните легенди Стивен Хокинг и Алан Туринг, како и Челичната лејди Маргарет Тачер, се меѓу кандидатите на листата за лицето што ќе ја краси новата банкнота од 50 фунти.
Гувернерот Карни соопшти дека со новата полимерна банкнота ќе се оддаде чест на британските научници кои дале голем придонес.
Јавноста имаше шанса да номинира славни личности под услов да не се веќе живи и да имаат дадено значителен придонес во областа на медицината, биологијата и астрономијата.
Номинацијата на Тачер е малку неочекувана и нејасна, со оглед на тоа дека приказната дека поранешната премиерка дала придонес во измислувањето на течниот сладолед се смета за мит, а не за факт.
Сепак, Тачер има предавано хемија на Оксфорд и работела како научник во компанија за преработка на храна пред да почне да се занимава со политика.
Новата полимерна банкнота ќе ја замени актуелната книжна банкнота од 50 фунти на која се ликовите на пионерите на индустриската револуција Метју Болтон и Џејмс Ват.
Јавноста има можност до 14 декември да даде уште предлози за номинации.