Мексико бара од САД истрага за солзавецот кој беше употребен на границата

Министерството за надворешни работи на Мексико испрати дипломатска нота до владата на САД, барајќи „целосна истрага” за она што го нарече употреба на не-смртоносно оружје на мексиканската територија, објави Ројтерс.

Агенцијата потсетува дека американските власти во неделата фрлија неколку солзавци кон мигантите во Мексико во близина на граничниот премин што го одделува мексиканскиот град Тихуана од Сан Диего во американската сојузна држава Калифорнија, откако дел од мигрантите се обиделе да влезат во САД.

Треба да знаете
Последни објави