Локален функционер во Рака изјавил дека повеќе од 500 тела до сега се есхумирани од една од најголемите масовни гробници отркиена во близина на сирискиот град, некогашен главен град на калифатот на екстремистичката Исламска држава.
По повеќе од еден месец откако почна копањето на масовните гробници во Панорама, форензичарски тимови продолжија да ископуваат тела закопани за време на четиримесечната кампања за ослободување на градот Рака.
Се проценува дека таму биле погребани околу 1.500 луѓе, пренесе АП.
„До сега се есхумирани 516 тела“ рекол локалниот функционер, вклучен во работата на есхумацијата, Хамуда ел Шавака.