Челниците во Косовска Митровица, Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечан поднесоа оставки по вонредната седница на собранието на општините со српско мнозинство во северниот дел на Косово.
Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ ги потврди оставките и рече дека бил лично информиран.
„Градоначалниците на четири општини поднесоа оставки и го напуштија системот во Приштина. Ниту собранието на општините, ниту било кои други органи ќе продолжат да функционираат до повлекувањето на дискриминаторските мерки и прекинот на кршењето на човековите права“, рече Ѓуриќ за телевизијата „Хепи“.
Судот во Косовска Митровица, судските единици во Зубин Поток и Лепосавиќ и сите судови и работници во овие судови престанаа да работат денеска од 9 часот, во знак на солидарност со граѓаните и протестите организирани поради мерките на Приштина и кршењето на човековите права на Србите на Косово и Метохија.
Како што е најавено, попладнево во Косовска Митровица ќе биде одржан мирен протест.