Буџетот за 2019 година обезбедува повеќе пари за граѓаните и придонесува за градење фер и праведно општество, вели Социјалдемократскиот сојуз на Македонија преку соопштение.
„По решавањето на долгогодишниот проблем на стечајните работници, по усвојувањето на Законот за отпис на камати на дологви, Владата и парламентарното мнозинство предводени од СДСМ продолжуваат со спорведубвање мерки што обезбезбедуваат поголема помош и повеќе пари кај ранливите категории граѓани. Во 2019 започнува целосна реформа на системот за социјална заштита, создаваме фер систем кој извлекува од сиромаштија и нуди повеќе услуги за граѓаните, за што во Буџетот за 2019 ќе се обезбедат дополнителни 2.2 милијарди денари“, се вели во соопштението на СДСМ.
Владејачката партија додава дека преку реализација на предвидените мерки, гарантиран минимален приход и „семеен пакет на права“ се обезбедува значително поголема парична поддршка на социјално загорзените семејства.
„Се создаваат услови примателите на социјална помош да добиваат и до 300 отсто зголемена социјална парична помош. Истовремено, се олеснува пристапот до надоместокот на 24 000 домаќинства кои во моментот добиваат социјална помош, а се отвора можност да бидат опфатени и дополнителни 11.000 домаќинства. Се воведуваат и детски и образовен додаток коишто ќе имаат за цел да извлекуваат од детска сиромаштија, кадешто ќе бидат опфатени повеќе од 60.000 деца“, уверува СДСМ.
Истовремено, како што се додава во соопштението, ќе се спроведат интензивни мерки за подготовка и активација на граѓаните од социјално ранливите категории на пазарот на трудот.