СДСМ: Не смее да има амнестија за насилството на 27 април

Антинародното ВМРО-ДПМНЕ бараше да бидат ослободени насилниците од 27 април, тоа е недозволиво, не смее да има амнестија за оние што планирале и извршиле насилство, велат од владејачката СДСМ.

Антинародното ВМРО-ДПМНЕ бараше да бидат ослободени од одговороност сите насилници за насилствата во Собранието на 27 април, за мрачните настани против демократијата и против граѓаните. Тоа е истата матрица на Никола Груевски, преку неговиот пион Христијан Мицкоски ставена во функција на одбрана на криминалните политики на режимот кои на Македонија и донесоа само лошо, поделби, уназадување, насилство, загрозување на човековите права, уривање на демократијата и удар врз слободата“, велат од партијата.

Од СДСМ истакнуваат дека не смее и не може да има амнестија за оние коишто планирале, нарачале и извршиле насилство на 27 април.

„Одговорност за насилството на 27 април мора да има“, велат од СДСМ.

Треба да знаете
Последни објави