Убијците го искасапиле Кашоги за седум минути додека слушале музика
Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека врз основа на аудиоснимките, на убијците на саудискиот новинар Џамал Кашоги им било кажано да слушаат музика додека го убиваат. Како што се наведува, еден од убијците уживал во чинот.
Министерот за надворешни работи на Турција, Мевљут Чавушоглу, изјави дека лично ја преслушал аудиоснимката, на која било забележано убиството. Тој потврдил дел од морничавите детали за убиството на колумнистот на „Вашингтон пост“.
„Го преслушав тоа. Тој е убиен за седум минути и тоа е направено намерно“, рекол Чавушоглу за германскиот весник „Зидојче цајтунг“.
Како што рекол, слушнал доктор како им предлага на убијците да слушаат музика додека го сечат Кашоги. Едниот од нив, наводно, рекол и дека сака да сече луѓе. „Тоа е одвратно“, додал Чавушоглу.