Руската Федерална служба за безбедност, изјави дека еден од приведените украински морнари признал дека поминувањето на бродовите преку теснецот Керч било провокација.
„Радио барањето на руската крајбрежна стража намерно беше игнорирано. На бродот имаше оружје и муниција. Бев свесен дека тоа е провокативна акција “, изјави украинскиот капетан на третата класа, Владимир Лесовој, пренесува новинската агенција ТАС.
Тој, како што пренесуваат руските медиуми изјавил дека му било наредено да од Одеса испловат до Маријопол.
ФСБ соопшти дека провокацијата во теснецот Керч ја координирале двајца членови на Службата за безбедност на Украина и дека влегувањето на украинските бродови во руските територијални води била директна наредба од киевската власт, пренесуваат тамошните медиуми.
Украинските бродови најпрвин ја информирале руската страна дека тие не планираат да одат преку теснецот Керч, се вели во соопштението на ФСБ.
Руската страна, пак ги информирала за правилата на граничните премини и правилата за поминување преку теснецот Керч, а според кои е предвидено да се поднесе барање до пристаништето Керч, 48 односно најмалку 24 часа претходно, наведуваат од ФСБ, од каде додаваат дека сертификатот потоа се издава четири часа пред преминот.
Меѓутоа, украинските бродови не поднеле барање, тие само изјавиле дека немаат намера да „преминат преку руската граница и да поминат низ теснецот Керч, наведуваат од ФСБ, а објави руската агенција.