Светскиот број 1, Србинот Новак Ѓоковиќ и упати убава честитка на Хрватска за освојувањето на титулата од Дејвис купот, која и самиот Ѓоковиќ еднаш ја има кренато.
Светскиот број 1, Србинот Новак Ѓоковиќ и упати убава честитка на Хрватска за освојувањето на титулата од Дејвис купот, која и самиот Ѓоковиќ еднаш ја има кренато.
Во последното „традиционално“ издание на Дејвис купот, Хрватска со 3:1 во Лил ја совлада Франција за вторпат во историјата да ја освои „салатарата“.
„Честитки до хрватската репрезентација за освојувањето на Дејвис купот. Овие момци не само што се врвни тенисери, туку се и фантастични луѓе кои ги ценам и почитувам. Тоа што го прославија трофејот со ривалите од Франција го покажува почитувањето меѓу тенисерите. Тоа е поентата на спортот“, напиша Ѓоковиќ на Твитер.