52-годишен скопјанец кој работел во фирма-изведувач на работи, вчера во раните утрински часови на улицата „Лондонска“ во Скопје од објект во изградба паднал и починал на местото на настанот, соопштија од МВР.
По наредба на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција.
Од полиција соопштија дека се работи на расчистување на случајот.