Еден од најдобрите судии на сите времиња, Пјерлуиџи Колина на свој начин, искрено и отворено посочи која е главната цел на фудбалот во денешно време.
-Фудбалот сега е шоу бизнис. Организацијата на СП во 2018 година беше најдобра досега, работата во Русија донесе приход од над 6 милијарди долари што е навистина многу пари. Главната цел на нашата организација е да се дуплира приходот и тој да износи 12 милијарди долари на шампионатот во Мексико, САД и Канада во 2026 година. Само од ЛШ годишно се заработува по 2 милијарди долари кои се распоредуваат на 32 клуба, -истакна легендарниот Италијанец кој е прв човек на судиската организација на ФИФА.