Лажна е информацијата дека Македонија е најзагадена држава во 2018 како што лажно тврди пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев. Податоците со кои денеска манипулираше пратеникот Ѓорчев се однесуваат на 2015 и 2016 година, години кога се уште на власт беше криминалното и распиничко ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.
„Токму ВМРО ДПМНЕ со години го игнорираше проблемот со загадувањето и што системски ја загрозуваше животната средина и го уништуваше зеленилото. Лицемерниот Владимир Ѓорчев тогаш молчеше.
Во недостиг на идеја, план, визија и програма за подобар живот за граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ секојдневно пласира лажни вести.
За разлика од игнорантскиот однос на ВМРО-ДПМНЕ, владата предводена од СДСМ решавањето на проблемот со загадувањето го постави како приоритетна задача со акцент на итност.
Преку Планот за чист воздух кој опфаќа низа на краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки, интензивно се работи на намалување на загаденоста на воздухот во земјава која за две години се очекува да се намали за 50% во Скопје и 30-50% во другите градови.
Дел од мерките за решавање на проблемот со загадувањето веќе се спроведуваат. Со зголемен инспекциски надзор и контрола на индустриските капацитети, детекција на диви депонии, субвенции за граѓаните при купување на печки на пелети , како и зголемување на зелената површина со нови садници и реконструкција на старите зелени површини.
Со нов гасоводен систем и проширување на топловодната мрежа, со дополнување на возниот парк на ЈСП со нови 40 електрични автобуси во наредниот период исто така се работи на намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух.
Владата предводена од СДСМ, како и надлежните институции продолжуваат и понатаму со спроведување на мерките за решавање на проблемот со загадувањето, порачаа од владеачката партија.