Скопјанецот Ж.Ѓ.(62) и неговиот син Г.Ѓ.(27) се осомничени дека продавала марихуана на локални зависници, а кај нив било откриено и оружје, информираше МВР.
Полицијата до Основното јавно обвинителство Скопје против двајацата поднесе кривични пријави поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дела недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, како и неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, казниви по член 396 и член 215 од Кривичниот законик на Република Македонија.
Врз основа на судска наредба полициски службеници 22.11.2018 година извршиле претрес на две локации. При првиот претрес во село Кучково во викендичката на Ж.Ѓ. биле пронајдени и одземени кеса со марихуана, еден пиштол, еден сигнален пиштол, куршуми различен калибар, една рачна бомба и др. При вториот претрес извршен на улица Милан Зечар во населата Аеродром, каде што престојува Г.Ѓ., биле пронајдени и одземени марихуана и 29.000 денари.
После извршените претреси, двете лица биле лишени од слобода и задржани во полициска станица.