Грчките новинари започнаа 24-часовен штрајк, ден пред генералниот штрајк на работниците во Грција. Како што се наведува, на телевизиските и радио станиците нема да има вести, а ќе нема ни весници. Новинарите како свои барања ги наведуваат колективните договори. Тие се залагаат и за повисоки плати и пензии, како и решавање на проблемот со невработеноста.
За утре е закажан генерален штрајк, кон кој ќе се приклучат и вработените во јавниот превоз, како и бродскиот танспрот.