Руска мисица стана кралица на Малезија

Руска мисица стана кралица на Малезија

Оксана Воеводина, поранешна Мис на Москва стана новата кралица на Малезија откако премина во ислам и се омажи за нивниот крал Мохамед Петти, кој е на тронот од 2016 година.

Оксана Воеводина има 25 години, а од својот сопруг е помлада 24 години. По освојувањето на титулата Мис на Москва во 2015 година, таа работеше како модел во Кина и Тајланд, па се претпоставува дека двојката се запознала таму.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=769522689799897&set=a.769014959850670&type=3&theater

Венчавката се одржа на 22 ноември во Москва. Младоженецот бил облечен во традиционална малезиска облека, додека невестата носела обичен венчален фустан. Подоцна на социјалните мрежи таа објави фотографијата на која носи хиџаб.

Неколку месеци пред венчавката невестата премина во ислам, а на свадбата се служела халал храна без алкохол. Исто така го зела муслиманското име Рихана и сега ќе се вика Рихана Оксана Горбатенко, пишуваат медиумите од Куала Лумпур.

Треба да знаете
Последни објави