Легендарниот италијански голман и сегашен член на францускиот прволигаш Пари Сен Жермен, Џанлуиџи Буфон ги издвои трите екипи кои според него се главни фаворити за трофејот во елитното натпреварување.
Искусниот ас смета дека шампионот во актуелнава кампања треба да се бара меѓу Јувентус, Манчестер Сити и Барселона.
– Оваа сезона како фаворити во ЛШ ги гледам Јувентус, Барселона и Манчестер Сити. Ливерпул исто има големи шанси, а не смее да се заборави и Реал Мадрид. Секако мој сон се уште е да ја освојам ЛШ, минатата сезона мислев дека тоа е мојата последна шанса, ама сега имам уште една, – истакнал Џиџи .