Мурињо со една изјава за Де Хеа ги израдува навивачите на Манчестер Јунајтед

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, по тешката победа против Јанг Бојс даде свој коментар и за Давид Де Хеа, кој уште еднаш се покажа како клучна алка за победа на тимот.

Португалецот кој пред неколку седмици изјави дека не е убеден дека Де Хеа ќе го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед, овој пат истакна дека знае дека Шпанецот сака да остане на „Олд Трафорд“.

– Знам дека сака да остане. Знам дека неговиот агент сака да го прави тоа што го сака играчот и исто така знам дека нашиот одбор сака да го зачува Де Хеа и напорно работи на тоа. Се надевам, наскоро или нешто подоцна, сите заедно ќе дојдат до добар заклучок – коментираше Мурињо.

Треба да знаете
Последни објави