Според најновите истражувања, забележано е дека најмлаку 615 случаи на лимфом ширум светот биле поврзани со ставањето силиконски импланти, пишува британски весник.
Текстурните силиконски импланти кои ги имаат милиони жени во градите се под посебен надзор, откако француските хирурзи советуваа овие импланти да се исфрлат од употреба поради потенцијалната поврзаност со појава на ретки видови рак.
Овие импланти се поврзуваат со појавата на анапластичен клеточен лимфом (ALCL) што се формира околу лузните, а први симптоми на оваа болест се отоци во пределот на градите.
Ако се отстранат имплантите може да дојде до целосно заздравување, но ако не се лекува, лимфомот може да се прошири низ целото тело и стане опасен по живот.
Лекарите се сѐ повеќе загрижени за последиците од силиконските импланти, а бројките собрани од ординациите на пластичните хирурзи покажуваат дека има најмалку 615 случаи на канцер поврзани со импланти на градите, како и 16 смртни случаи.
Во Франција, каде 85% од вградените импланти на гради се текстурни, хирурзите препорачуваат замена со мазни импланти, додека уште се истражува поврзаноста на текстурните импланти со појавата на рак.