За текот на процедурата за потпишување на договорот за полициска соработка меѓу министерствата за внатрешни работи на Македонија и Германија разговарале денеска македонскиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и германскиот амбасадор во земјава, Томас Герберих.
Договорот за соработка меѓу двете министерства е инициран од македонска страна.
На средбата, како што соопшти МВР била потенцирана одличната соработка меѓу двете држави, која со потпишување на овој договор дополнително ќе се подобри.