1,3 тони дрога, 56.000 парчиња лекови, алкохолни пијалоци, 545.000 евра, 270.000 парчиња цигари и 222 килограми режан тутун е билансот за обиди на шверц на граѓаните на акцизна стока замо за минатата година.
Валентина Ангеловска
Над еден тон дрога од различен тип, 56.000 парчиња лекови, алкохолни пијалоци, 270.000 парчиња цигари е билансот за обиди на шверц на граѓаните на акцизна стока замо за минатата година. Доколку истиот би се реализирал државната каса би била оштетена за неколку милиони евра. Од Царинската управа велат дека и минатата година царинските службеници имале многу работа. На граничните премини, но и во внатрешноста на земјата биле откриени голем број случаи на нелегално пренесување на злато, девизи, лекови, цигари, но и дрога, храна и облека. Во вкупно 300 акции спречени се обиди за шверц на прехрамбени производи, пари, репроматеријали, но и лекови и додатоци на исхрана. Во исто време спречени се 51 обид за нелегално пренесување на готови пари во различни валути во противвредност од половина милион евра.
Од краставици до суџук
– Изминатата 2017 година имаве 289 успешни наоди при што се окрија и запленија 1.304 килограми дрога и 222 кг режан тутун. Исто така заплнети се 270.000 парчиња цигари, 346 литри и 5.661 парчиња и 22.178 килогами разни прехрамбени производи. Запленети се лекови и девизи, фаалсификувана стока- велат во Управата. Според неа лани направен е обид за нелегален увоз на девет тони на краставици и домати, 100 кг суџук. Минатата година имало и енормен број на пратки со лекови кои граѓаните се обиделе да ги пренесат преку граница.
–Во 51 случај спречивме нелегално пренесување на 545.000 евра. Од наша страна спроведени се 144 контроли на трговски друштва. Откриени се 41 случај на обид за избегнување на плаќање на увозни давачки во висина од половина милион евра. Во 19 случаи утврдено е непридржување кон обврските за царинско складирање. Од контролирани 32 корисници на течен нафтн гас во 7 случаи барале поголем поврат на акциза. Имало 1.500 решенија за дополнителна наплата на увозни давачки и ДДВ или околу 3,6милиони евра. За една годфина има 60 кривични пријави, најмногу за фалсификати- стои во извештајот.
Оригинал фалсификати
Во Царинската управа велат дека покрај наплатата на буџетските приходи, тие се важна алка во синџирот на поддршка на меѓународната трговија.
– Модерната царинска служба има исклучително важна улога во системот за безбедност на секоја земја. Таа е составен дел од системот за спречување на нелегална трговија и нелојална конкуренција, спречување на трговија со забранета стока и финансирање тероризам. Но таа помага и во заштита на животот и здравјето на луѓето, како и заштита на животната средина и културното наследство- велат во Управата. Како поинтересни и позначајни случаи на заплени 2017 година ја одбележаа заплените на дрога, тутун, злато, но и на мебел и овошје и зеленчук.