Почесниот претседател на Партијата за движење на Турците во Македонија (ТХП), Аднан Ќахил на сенароден митинг во недела во Кичево ќе му покаже на сегашниот лидер на ТХП, Енес Ибрахим на кого му веруваат Турците во Македонија, откако актуелниот претседател на партијата го исклучи Ќахил од партијата. Истовремено Ибрхим побара од премиерот Зоран Заев да го разреши Ќахил од функцијата министер без ресор.
-Ваквата одлука е природен епилог кој произлегува од неприципиелното делување на Ќахил, кој не само што ги отфрла програмските одредби и статутот на ТХП, туку и со својот неетички и недемократски пристап го нарушува угледот на партијата и етничката заедница која ја претставува. Статутот и вредностите на ТХП наложуваат исклучување на секој член кој ќе работи спротивно од интересите на партијата. Истовремено санкционирани се и другите членови кои беа инволвирани на слични противстатутарни акти, се вели во соопштението на партијата.
Ќахил, пак, смета дека статутот не го почитува Ибрахим, кој преку неговото разрешување сака да го дискредитира Заев бидејќи програмата на ТХП е иплементирана во програмата на СДСМ и Владата.
– Ибрахим очигледно сака да биде император. Се повикува на статут, а истиот не го почитува. Или сега не знае што зборува, или не знаел кога во статутот ме назнаи за почесен претседател. Тој не може да ја менува волјата на Турците и му требаат дебели аргументи за да го опрвада ова пред суд. Во недела во Кичево ќе има сенароден миинг па народот ќе биде судија и ќе каже на кого му веруваат Турците. Тој и неколку член на партијата кои од скоро се примени поради лични интереси да работат во спротивност на интересите на Турците, изјави Ќахил.
Владиниот портпарол Миле Бошњаковски во врска со барањето на ТХП за разрешување на Ќахил изјави дека Владата како институција не е адресата која треба да го добие тоа барање и упати одговорите за ова да се бараат кај политичките субјекти од владината коалиција.