Стомакот го „чува“ ова овошје!

Австралиска нутриционистка вели дека ова овошје ќе ве поштеди од проблемите со варењето…

Нутриционистка вели дека крушките го одржуваат здравјето на цревата и стомакот.

„Комбинацијата на влакна и природни шеќери во сорбитол и фруктозатa во крушките, му помагаат на системот органи за варење да биде здрав и спречуваат констипација“, вели таа.

Таа предложува ова овошје особено да го јадете кога патувате некаде на одмор, а особено ако патувате во друга времeнска зона, па се менува и времето кога јадете, што е голем стрес за цревата и варењето, па доведува и до констипација.

„Но не станува збор само за констипација! Здравиот систем на органите за варење ќе ви помогне да се чувствувате подобро и да имате повеќе енергија. Исто така му помага на телото да апсорбира нутриенти од храната и да го зајакне имунитетот“.

Крушките се на врвот, меѓу овошјата кои содржат најмногу хранливи влакна, а тоа е многу важно бидејќи патувањата можат малку да го ослабат имунолошкиот систем.

Треба да знаете
Последни објави