Угледно шпанско радио вчера излезе со ексклузива дека прецртувањето на Иско за мечот со Рома си има своја позадина, односно откри дека офанзивниот играч за врска покажал непочитување кон тренерот Сантијаго Солари за време на мечот со Еибар.
По ваквите сензационални вести, со нови информации на оваа тема излезе и секогаш добро информиран медиум која покрај тоа што ги потврди инсајдерските детали на „Кадена Копе“, откри и што точно направил Иско за да наиде на немилост кај тренерот.
Солари во вторникот одлучи да го прецрта Иско и да го испрати на трибините на „Олимпико“ во Рим, а сега добро информиран медиум тврди дека непочитувањето кое го покажал кон Солари дошло во соблекувалната по тешкиот пораз од Еибар на „Ипуруа“.
Мадридскиот весник тврди дека Иско одбил да му подаде рака на Солари во соблекувалната по поразот од 3:0, непочитување кое на крајот го чинеше неиграње на мечот со Рома, а дали казната ќе остане само на ова, останува да видиме на наредните натпревари.