Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се сретна со амбасадорот на Република Италија во Македонија, Карло Ромео.
„На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во Република Македонија, економската состојба во државата како и реформските процеси кои се клучни за остварување на стратешките приоритети на Македонија. Претседателот Мицкоски го истакна политичкиот прогон кој се врши врз десетици членови на опозицијата и директниот атак врз опозициската мисла и посочи дека таквото однесување на власта ја оддалечува државата од остарување на стратешките приоритети, членството во ЕУ и НАТО“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму додаваат дека партјата смета дека економската состојба во државата е значително влошена, а власта недоволно се посветува на реалните области за живот кои се од суштествено значење за граѓанинот.
„На средбата се говореше и за понатамошно продлабочување на пријателството и соработката помеѓу Република Италија и Република Македонија како и значењето на поддршката која Македонија ја добива од Италија на патот кон членството на државата во ЕУ и НАТО“, се вели во соопштението.