Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој издржува 30-дневен притвор во затворот „Скопје” беше спроведен денеска на судењето за набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при Управата за безбедност и контраразузнавање, познат како случај „Трезор” на СЈО.
Освен Мијалков, обвинети се Тони Јакимовски и поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ.
Според обвинителниот акт, со основниот договор буџетот на РМ бил оштетен за над 13 милиони денари, додека, пак, со двата анекса за дополнителни 13 милиони и 222 илјади денари, со што државата ја оштетиле за околу 27 милиони денари.
Фото: Слободан Ѓуриќ