Се гради фер и праведно општество, повеќе пари кај граѓаните, не е точно дека прогресивниот данок ќе ги зголеми трошоците за живот, како што тврди ВМРО-ДПМНЕ. Ваква е реакцијата на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, по прес-конференцијата на Димче Арсовски.
„Владата предводена од СДСМ гради фер и праведен даночен систем што обезбедува поголема социјална праведност и еднаквост. Преку економските политики и реформите што ги спроведува Владата предводена од СДСМ се обезбедуваат повеќе пари за граѓаните, растат платите во сите сектори, се обезбедува повисок животен стандард за сите подеднакво. Не е точно тврдењето на антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ дека прогресивниот данок ќе влијае на пораст на трошоците за живот и домување. Оданочувањето на кириите нема да ги погоди граѓаните, ниту тие кои издаваат, ниту тие кои изнајмуваат објекти под кирија“, наведува СДСМ во соопштението.
Владејачката партија вели дека станува збор за правично решение кое се однесува на приход што не е редовен, туку дополнителен и е во насока на градење на фер и праведен даночен систем.