Немо шестгодишно дете од Аргентина успеа да ги помине сите „препреки“ и да стигне до папата Франциско на неговата општа аудиенција, а потоа трчаше околу него и го задеваше припадникот на швајцарската гарда.
Малиот немирко веднаш ги освои симпатиите на присутните. По него дотрча и мајка му која настојуваше да го врати назад во публиката и му кажа на папата дека се од Аргентина.
Папата, родум Аргентинец, ѝ реле да го остави детето да трча наоколу, а потоа му шепна на бискупот до него: „Аргентинец… немирко“.
„Ова момче не може да зборува. Немо е, ама комуницира. Ова момче ме поттикна да помислам: Ова дете е слободно“, рече папата Франциско.
Во 2013 година папата му дозволи на едно дете да му се придружи на сцената и да седи во неговата столица.