Судија определи 30-дневен притвор за четири лица од Битола и Скопје, поради недозволена трговија со дрога и оружје.
„Лишени се од слобода лицата З.Б.(25) и Ѓ.Ч.(30) од Битола и С.М.(38) и Р.Б.(26) од Скопје. Од приведените биле одземени 89 грама хероин“, соопшти полицијата.