Марек Хамшик е фудбалер на Наполи од 2007-ма година и до денес тој успеа да се запише во историјата на клубот.
Познато е дека за услугите на Хамшик беа заинтересирани најголемите европски клубови, но тој сепак им остана верен на Наполитанците каде што неговото име е испишано со златни букви во историјата на клубот како играч со најмногу настапи и најмногу голови.
Хамшик вели дека не жали што останал во Наполи и тврди дека повторно би го направил истиот избор и би останал во Неапол.
„Барселона и Реал Мадрид секогаш ми беа интересни, но не жалам што не играв таму. Повторно би го направил истиот избор“, изјави Марек Хамшик.