Командантите од украинските бродови се префрлени во Москва

Тројцата команданти на украинските воени бродови кои беа уапсени во неделата во близина на Крим се префрлени во Москва поради испитување, соопшти руската омбудсманка Љумила Лубина.

Командантите ги преводеле трите брода со 21 морнар на украинската морнарица, врз која руската погранична стража отвори оган во неделата кај теснецот Керч бидејќи неовластено навлегле во руските територијални води и потоа ги заплени бродовите и ги уапси членовите на екипажот.

Додека тројцата команданти се префрлени во Москва, останатите членови на екипажот и понатаму се наоѓаат во притвор на Крим, пренесе ТАСС.

Кримскиот суд претходно неделавата донесе одлука украинските морнари да останат во притвор во период од два месеца, до крајот на истрагата.

Треба да знаете
Последни објави