Британската премиерка, Тереза Меј, оцени дека одлуката на парламентот да не го прифаќа договорот со Европската Унија за излез на Велика Британија значи поделба и неизвесност.
-Поделена земја не е земја што напредува, изјави Меј пред новинарите.
Од другата страна, истакнатиот заговорник за брегзитот, Џејкоб Рис Мог, вели дека британската влада, со мрачните предвидувања за последиците од одлуката ЕУ да се напушти без договор, се обидува да ги исплаши луѓето со цел да го прифатат договорот со Брисел.
Рис Мог оцени дека постои криза на довербата во британските институции, јавува АП.